Εκτύπωση

Верувам во единиот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и земјата и на се видливо и невидливо.

И во единиот Господ Исус Христос, Син Божји, единороден, Кој од Отецот е роден пред сите векови; Светлина од Светлина, Бог вистински од Бога вистински, роден, не створен, единосуштен на Отецот, преку Кого се настанало; Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од небото и се воплоти од Светиот Дух и од Марија Дева и стана човек. И беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат, и страдаше и беше погребен; И воскресна во третиот ден, според Писмото и се вознесе на небото и седи оддесно на Отецот. И пак ќе дојде со слава да им суди на живите и мртвите и Неговото Царство не ќе има крај;

И во Светиот Дух, Господ, Животворец, Кој исходи од Отецот, Кому заедно со Отецот и Синот Му се поклонуваме и го славиме и Кој говорел преку пророците.

Во една, света, соборна и апостолска Црква. Исповедам едно Крштение за простување на гревовите; Го чекам воскресението на мртвите, И животот на идниот век. Амин